-->
-->
Намален водостојот на Вардар кај Јегуновце
-->
Водостојот на Вардар кај Јегуновце денеска е за повеќе од дваесет пати понизок од вообичаениот за ноември, во Скопје нивото е за над три пати пониско, а во Велес и Демир Капија е речиси во рамките на повеќегодишниот просек за овој месец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според податоците на УХМР, водостоите и на останатите реки во земјава се под просекот за ноември, особено на Црн Дрим кај Ложани каде нивото е за четири пати пониско од вообичаеното и на Треска во Македонски Брод со 3,5 пати понизок водостој.
Нивото на Охридското Езеро е за 11 сантиметри повисоко од дозволениот минимум, на Дојранското е за 2,5 метри повисоко, а на Преспанското за 23 сантиметри пониско од вообичаеното за ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд