Македонија
18. December 2019 - 21:21

Намалена видливоста на повеќе патни правци поради магла

Намалена видливост на патните правци поради магла до 50 метри има кај Страцин, Тетово и Павлешници, и од 50 до 100 метри кај Гостивар, Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Ресен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Автомотосојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.