Македонија
3. July 2020 - 11:04

Наместо во самоизолација, Александра Накова отишла на базен

На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат. По комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик. Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин.