Свет
11. August 2016 - 21:52

Напад во познато одморалиште, има загинати и повредени

Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени откако две бомби експлодираа во тајландското одморалиште Хуа Хин.

Според локалните медиуми при експлозиите повредени се осум странски туристи, но не се соопштува нивната националност.

Според еден очевидец, во првата експлозија, која била посилна, загинала една жена.

Експлозивните направи биле скриени во саксии за цвеќиња во близина на кафуле и биле активирани со мобилен телефон.