Нападнат лекар од тетовската Клиничка болница
Лекар во Клиничката болница во Тетово пријавил дека бил нападнат од 32- годишен пациент по што интервенирала полицијата. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден, по што напаѓачот бил хоспитализиран во скопска здравствена институција.
– Во 8 часот и 25 минути, 47-годишен лекар од тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавил дека на Психијатриското одделение физички бил нападнат од 32-годишниот пациент К.И.од тетовско Боговиње, по што бил смирен и испратен за хоспитализација во скопска болничка установа, соопштија од СВР Тетово.
Тетовската полиција вчера попладне регистрираше и физички напад во семејство на улицата „Мирче Ацев“ во градот. Триесетгодишна жена во СВР Тетово пријавила дека во нивниот дом по вербална расправија со снаата, два пати физички ја нападнал нејзиниот 29-годишен брат. Пријавениот е повикан во Полициската станица во Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност