Македонија
30. January 2019 - 13:17

Нападнат вработен во катна гаража во Скопје

Вработен во катна гаража бил физички нападнат. Како што информираат од МВР, утринава во 02.20 часот во СВР Скопје, Л.У.(37) од Скопје пријавил дека на 29.01.2019 година околу 23.00 часот на улица „Филип Втори Македонски“, додека извршувал работни задачи во катна гаража, физички бил нападнат од С.Н.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.