Балкан
14. јуни 2019 - 16:00

Нападнато возилото на албанскиот премиер Еди Рама

Група демонстранти се обидоа да го блокираат патот Елбасан – Либражд во источна Албанија, а било нападнато и возилото на албанскиот премиер Еди Рама.

Демонстрантите фрлале со шишиња и тврди предмети, но за среќа, премиерот не бил повреден, пренесуваа албанските агенции.

Полицијата приведе седум лица поради насилство на протестот.