Loading Video...
Фудбал
6. July 2020 - 14:39

Наполи го доби дербито против Рома

Третиот македонски репрезентативец кој настапува во Серија А, Елиф Елмас одигра неполни 10-тина минути за својата екипа Наполи која во дербито против Рома забележа победа со 2-1.
 
„Наполитанците“ до победата стигнаа во 82-та минута со голот на Инсиње, откако во 55.минута Каљехон им донесе предност, а во 60-тата Мкхитаријан го израмни резултатот. 
 
Сега двата тима имаат ист број на бодови 68, а Наполи е петти пред Рома, додека Милан заостанува два бода на седмото место.