Фудбал
11. December 2019 - 8:37

Наполи го отпушти Анчелоти

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи на официјалната веб-страница го објави отказот на селекторот Карло Анчелоти.

Бркањето на тренерот доаѓа по синоќешната победа над Генк со 4:0 и обезбедениот пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Наполи реши да го отстрани тренерот на првиот тим Карло Анчелоти. Односите на пријателство и меѓусебно почитување меѓу клубот, нејзиниот претседател Аурелио Де Лаурентис и Карло Анчелоти остануваат непроменети, се вели во клупското соопштение.

Во Серија А, клубот од Неапол, по долгата серија без победи од средината на октомври, го зазема 7. место.

Кандидат за наследник на Анчелоти на тренерското место во Наполи е Џенаро Гатузо.