НАСА истражува први обвинувања за криминал во вселената
НАСА ги истражува наводите против астронаутка која наводно пристапувала до банкарската сметка на својата сопруга од Меѓународната вселенска станица.
Тоа може да биде прво обвинување за кривично дело сторено во вселената.
Ен Меклејн призна дека пристапувала на сметката на својата разведена сопруга, но изјавила дека не сторила ништо лошо, објави Њујорк Тајмс. Нејзината сопруга Сем Ворден, наводно, поднела тужба против МекКлејн до Федералната комисија за трговија.
Во меѓувреме, Ен МекКлејн се врати на Земјата, а нејзиниот адвокат изјави за Њујорк Тајмс дека астронаутката само сакала да види дали нејзината поранешна партнерка има доволно пари за да ги плати сметките и да се грижи за синот што заедно го одгледале пред да се разведат.
– Таа цврсто негира дека сторила нешто несоодветно – рече адвокатот Русти Хардин, додавајќи дека МекКлејн „целосно соработува“ со истражителите.
МекКлејн и Ворден, која работи за разузнавањето на воздухопловните сили, се венчаа во 2014 година. Ворден официјално побарала развод во 2018 година.
МекКлејн дипломирала на престижната воена академија „Вест Поинт“ и потоа работела како воен пилот во Ирак. Таа беше избрана да лета за НАСА во 2013 година.
Пет национални и меѓународни вселенски агенции се вклучени во работата на Меѓународната вселенска станица – од САД, Канада, Јапонија, Русија и меѓународна агенција со експерти од повеќе европски земји. Договорената правна рамка предвидува законите на земјите на потекло да се применуваат за сите лица и имотот во вселената.
Значи, ако еден канадски државјанин би сторил кривично дело во вселената, ќе му се суди во согласност со канадскиот закон, а на руски државјанин во согласност со рускиот.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри