Loading Video...
Свет
16. November 2020 - 16:31

Нашата вакцина против ковид е 94,5 проценти ефикасна тврди Модерна

Уште една вакцина против корона вирусот е на повидок. Американската биотехнолошка компанија Модерна објави дека развила вакцина со висока ефикаснот против корона вирусот дури 94,5 проценти. До резултатот е дојдено на основа на тестирање на 30 000 волонтери. Наредните недели компанијата ќе побара од американската Управа за храна и лекови одобрение за итна употреба.

Резултатите од локалните избори во Босна и Херцеговина донесоа промени на политичката сцена во земјата. Опозицијата победи во Сараево и Бања Лука. Имавме силна опозиција која се обедини против нас изјави лидерот на владејачката Партија за демократска акција Бакир Изетбеговиќ. СДА освои градоначалнички места во 30 опшитни. Остануваме убедливо најсилна партија додаде Изетбеговиќ. Милорад Додиќ разочарно го потврди поразот на неговиот кандидат во Бања Лука, каде победата ја однесе Драшко Станивуковиќ, жесток критичар на Додиќ.

Спејс Икс на Илон Маск успешно лансираше 4 астронаути кон Меѓународната вселенска станица на првиот такси лет што за НАСА го изведе приватна компанија. Во мисијата учестуваат тројца Американци и еден Јапонец и нивното пристигнување на Меѓународната вселенска станица се очекува утре во утринските часови по македонско време.