Наскоро полнолетна: Оваа убавица е вонбрачното дете на Кеба, кое тој не сака да го запознае!
Кога ќе земете во предвид дека Драган Којиќ Кеба со воодушевување зборува за Игор и Наташа, а и дека ги обожава Северина и нејзиниот син Александар, нејасно е зошто не сака да го прифати третото дете.
Станува збор за Ина Јемвремовиќ, која на 18 февруари ќе наполни 18 години, а досега не се запознала со семејството Којиќ. Нејзината мајка е Лилјана Јемвремовиќ, познат текстописец, која по долги години водење судски спорови за докажување на татковството и барање на алиментација, загуби голем број контакти и пејачи, со кои претходно соработувала.
Иако овој скандал Кеба се обидува да го скрие, сепак Ина е активна тема во српските медиуми, особено поради фактот што е одличен ученик, сака да студира медицина, талентирана е за музика и најважно – таа порасна во вистинска убавица.
Како што потврдуваат медиумите, Лилјана и денес пишува текстови, но исто така, завршила и курс за козметичарка.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците