Македонија
31. October 2020 - 17:07

Наставниците кои имаат услови за држат настава онлајн од дома апелира СОНК - МОН вели тоа е во надлежност на општините

СОНК и Наставници кои немаат услови за работа во училиштата, од разни причини, а можат да држат настава од дома, тоа да им го дозволат директорите. Покрај технички проблеми, во планот за работа на МОН предавање од дома е можно и во услови на изолација, поради хронична болест, заради рационално трошење на греењето и избегнување на јавен превоз. 

Одговор на овие барања Неделков не добил од надлежните. ОД МОН велат дека планот за одвивање на наставата е јасен и достапен до сите директори. И претходно беше апелирано до менаџерите на  училиштата да бида флексибилни доколку условите тоа го наложуваат за да не се губи континуитет во наставата. Со ваков проблем претежно се соочуваат средните училишта од главниот град.

60 ученици и 160 наставници од државата кои изведувале настава со физичко присуство се позитивни на ковид19/. Засега според министерката нема ширење на вирусот внатре во училиштата и нема потреба од затворање.

Апел училиштата да останат отворени пристигна од претставничката на УНИЦЕФ која се повикува на светските примери дека со засилени мерки за превенција училиштата функционираат.

Патриција ди Џовани претставничка на УНИЦЕФ.„Затворањето на училиштата има јасни негативни ефекти врз здравјето, образованието и развојот на децата, семејниот приход и вкупната економија. Затоа, повикуваме училиштата да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат кога за тоа ќе се создадат безбедни услови. Затворањето на училиштата треба да се разгледува единствено тогаш кога нема други алтернативи, вели претсавничката на УНИЦЕФ.

Лидерот на опозицијата ја обвинува власта дека не успеала да менаџира со училиштата во случаи кога се јавува позитивен на вирусот и се праќаат во изолација цели одделенија.

„Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата.Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата“ реагира Мицкоски.