Живот
12. March 2017 - 12:43

НАУЧНО ДОКАЖАНО: Жените им го скратуваат животот на мажите

Иако многумина мажи тоа го знаеја сега и научно е потврдено дека жените им го скратуваат животниот век на мажите.Со постојаното приговарање и „мрчење“ ризикот за срцев удар кај мажите е за три пати поголем.

До ваков заклучок дошле данските научници откако тестирале околу 10.000 мажи од 36 до 52 години.Оние што претходно признале дека се расправаат со своите партнерки по некое време починале од срцев удар.

Научниците тоа го докажале со фактот дека мажите проблемите ги носат во себе и тоа некогаш мора да пукне.

Згора на тоа, мажите кои си имаат проблем со жените помалку спијат па и тоа придонесува за лошото здравје.

Па, жени мислете му ја.