Македонија
28. October 2021 - 8:08

Наутро студено, преку денот сончево и потопло

 Утрово времето ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови.