Македонија
19. February 2016 - 19:57

Навреме биле преземени сите потребни мерки за да се спаси животот на 21-годишната родилка која почина во Прилеп

По неполни 12 часа од породувањето, ноќеска, нешто пред 2 часот по полноќ, во прилепската Болница починала 21- годишната Симона Блажеска, која при нормален пораѓај, вчера родила здраво машко дете. Семејството, кое е во шок, бараат одговорност од лекарите, уште повеќе заради тоа што веднаш по пораѓањето тие се виделе со неа, и таа била многу среќна и свежа.
 
На Симона ова и било второ пораѓање. Таа има и четригодишна ќеркичка. И при двете бремености, кои биле редовно следени од матичниот гинеколог, немала никакви проблеми што би можеле да инддицираат на ваков фатален исход, велат од семејството.
 
Од прилепската болница потврдуваат дека породувањето поминало во најдобар ред, но, ненадејните здравствени компликации се случиле околу 19 часот, по што биле преземени сите мерки од неколкумина лекари. Но, за жал, се било залудно.
 
Телото на починатата предадено е на обдукција. Инаку, Гинеколошкото одделение во прилепската Болница пред неколку години целосно беше реновирано и се вбројува во едно од најсовремено опремените во земјава. За трагичниот настан, итноо е информирано и ресорното Министерство.