Навреме започна изборниот процес во општините Охрид и Дебрца
Изборниот процес од вториот круг на локалните избори за избор на градоначалник на општините Охрид и Дебрца се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места.
Од ОИК на Охрид и Дебрца информираат дека сите избирачки места во двете општини се отворени навремено и изборниот процес се одвива согласно правилата и протоколите. Од тоа што беше соопштено од ОИК, има мали процедурални потешкотии во процесот на утврдување на идентитетот на гласачите преку апаратите за отпечатоци, но сега тоа е значително помалку изразено споредбено со првиот изборен круг.
Инаку, во Oпштина Охрид се евидентирани вкупно 52.426 граѓани со право на глас, кои своето изборно право ќе можат да го остварат на 88 избирачки места.
Во вториот круг за градоначалничката функција во Охрид во трка се двајца кандидати. Што се однесува на Општина Дебрца, таму право на глас имаат 4.350 лица кои ќе гласаат на 28 избирачки места. Во трка за градоначалничката функција се двајца кандидати.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка