Кошарка
15. January 2016 - 10:31

НБА: 53 поени на Батлер

Џими Батлер постигна извонредни 53 поена во победата на Чикаго против Филаделфија од 115-111 во продолжение. 

 Бекот на Чикаго успеа да реализира 50 % од ударите од поле и дури 21/25 од слободни фрлања. 
Батлер има извонредна сезона и само на две средби постигна помалку од 20 поени. Еднаш имаше 42 коша од кои дури 40 во едно полувреме со што го надмина дури и славниот Џордан.