Кошарка
3. December 2015 - 10:50

НБА: Блесок на Коби Брајант

Коби Брајнт блесна во Вашингтон и победата на Лајкерси од 108:104. Ден претходно Коби, го одигра последниот меч во кариерата во својата родна Филаделфија, а во Вашингтон потсети на блескавата кариера, со 31 поен го предводеше тимот до третата сезонска победа.
 
На другите натпревари: Сан Антонио го декласира Милвоки (95:70), Детроит славеше над Феникс (127:122), Атланта загуби од Торонто (86:96), Хјустон го победи Њу Орлеанс (108:101), Индијана триумфираше над ЛА Клиперс (103:91), а Филалдефија загуби во Њујорк (99:87).