-->
-->
НБА: Далас победи во ЛА, порази на Лејкерси и Денвер
-->

Далас Маверкс ја прекинаа серијата од три порази. Во продолжението Маверикс славеа во Лос Анџелес со 112:104. Дончиќ се врати по повредата и заедно со Кристапс Прозингис го предводеше тимот.
Словенецот забележа 26 поени и по девет скока и асистенции, Летонецот постигна 30 поени.
Кај Клиперс се истакнаа Џарен Џексон со 31 и Пол Џорџ со 26 поени.
Денвер во Портланд загубија со 100:119. Нагетс се во серија од пет порази, три од нив забележаа без Јокиќ. Покрај поразот, Мајк Мелоун се соочи со повреда на уште еден играч, во текот на првото полувреме коленото го повреди Пи-Џеј Доужер.
Си-Џеј Мекалум постигна 32, а Демијен Лилард 23 поени за Портланд. Џеф Грин со 24 и Монтеј Морис со 16 поени се истакната кај Денвер.
ЛА Лејкерс, без суспендираниот Леброн Џејмс и болниот Ентони Дејвис, паднаа во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк. Никс славеа победа 106:100.
Лејкерси успеаја да се врата во мечот, откако губеа со разлика од 25 поени, но на крајот немаа сили за целосен пресврт.
Еван Фурније беше најефикасен со 26 поени, додека Џулиус Рендл против поранешниот тим забележа 20 поени, 16 скока и пет асистенции. На спротивната страна Расел Вестбрук забележа трип-дабл (31 поен, 13 скока, 10 асистенции), а потфрли екс-играчот на Њујорк, Кармело Ентони, кој погоди само три од 14 обиди од игра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата