-->
-->
НБА: Џинобили ја игра 14. сезона
-->
Емануел Џинобили, легендарниот Аргентинец, рекол дека за успех на својот тим Сан Антонио дал сé, дури и својот десен тестис.
Џинобили (39) ја игра својата 14-та сезона во тимот на Сан Антонио Спарс, кој во 1999 година го избра како 57-ми пик во втората рунда на драфтот.
„Навистина е точно, сé им дадов на Сан Антонио дури и десниот теститс. Сé имам жртвувано за мојот тим“, открил Џинобили.
Поради споменатиот проблем, Ману, морал да биде опериран, а на терените се вратил по само 12 мечеви пауза.
„Вообичаено кога ќе се случи нешто такво, болката не е силна. Потоа ќе помине, но после три минути болката се враќа. Неважно дали се работеше за три, десет, дваесет минути, еден час, новото на болката беше ист. Потоа бев на преглед, направивме скенер и докторот ми кажа дека мора да бидам опериран еднаш. Потоа ми кажаа дека околу 45 дена ќе се рехабилитирам. Доста несреќна ситуација, но на крајот се заврши како што треба“, рекол легендарниот Аргентинец.
Ману Џинобили со тимот на Сан Антонио има освоено четири шампионски прстени во НБА лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари