-->
-->
НБА: Филаделфија славеше кај лидерот на истокот
-->

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ забележаа по трипл-дабл во победите на своите тимови, во ноќта која ја обележа шутерската пресметката помеѓу Демар Дерозан и Џоел Ембид.
Филаделфија Севентисиксерс забележаа победа во Чикаго 119:108. Во моментов лидерот во МВП трката, Џоал Ембид, го предводеше својот тим до победата со 40 поени и 10 скока.
На спротивната страна Дерозан забележа 45 поени, девет скока и седум асистенции.
Ембид доби помош од Тобајас Херис (23 поени) и Тајрис Мекси (16) поени, а Дерозан од Никола Вучевиќ (23 поени, седум скока, пет асистенции).
Чикаго е втор на Истокот со 33 победи и 20 порази, а Филаделфија се искачи на четвртото место со 32 победи и 21 пораз.
Денвер нагетси во второто полувреме го декласираа десеткуваниот Бруклин. Денвер славеше со 124:104. Никола Јокиќ забележа 27 поени, 12 скока и 10 асистенции. За српскиот центар ова беше 71.трипл-дабл во кариерата.
Нетс во второто полувреме постигнаа само 29 поени. Најефикасен беше Кајри Ирвинг со 27 поени.
Далас маверикс ги победија Атланта хокс со 103:94. Лука Дончиќ и покрај проблемите со личнте грешки (направи четири во првото полувреме), оствари трипл-дабл од 18 поени, 10 скока и 11 асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
-

Сончево и топло
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
