Кошарка
26. April 2018 - 14:53

НБА: Хјустон обезбеди конференциско полуфинале

Предводени од Џејмс Харден кој постигна 24 поени со 12 успешни асистенции  Хјустон славеше  со 122:104 славеше над Минесота во петиот меч, и со вкупен резултат од  4:1 во победи се пласира во конференциско полуфинале.  Во следното коло Хјустон го чека подобриот од дуелот меѓу Оклахома и Јута. Моменталниот резултат е 3:2 за Оклахома, откако тимот ја искористи предноста на домашен терен и утрово славеше со 107:99. 

Благодарение на победи на домашен терен, со водство од 3:2 во победи се стекнаа и Кливленд против Индијана (98:85), како и Торонто против Вашингтон 108:98.