Кошарка
30. November 2016 - 9:22

НБА: Милвоки убедлив против шампионот

Нов пораз на шампионот Кливленд, трет оваа сезона и тоа кај Милвоки од 118-101. Извонредна партија прикажа  Јанис Адетокумбо со 34 поена, 12 скока и по 5 асистенции и украдени топки. Гркот вечерта ја заокружи со две блокади. Њу Орлеанс го совлада ЛА Лејкерс со 105 -88 додека Бруклин беше подобар од ЛА Клиперс со 127-122 благодарение на доминантната игра на Килпатрик со 38 поени и 14 скока.
Во останатите средби Шарлот-Детроит 89-112, С.Антонио - Орландо 83-95 и Јута-Хјустон 120-101.