Кошарка
24. August 2020 - 10:43

НБА: Нов подвиг и рекорд на Дончиќ

Неверојатниот Лука Дончиќ синоќа влезе во историјата на НБА лигата. Словенецот стана најмладиот играч кој во плејоф натпревар забележал 43 поени, 17 скокови и 13 асистенции. Далас славеа над ЛА Клиперс, во дополнителните пет минути со 135:133 и го израмнија резултатот во серијата на 2:2.

Дончиќ во последниот напад на Далас со звукот на сирената погоди за победа.

„Лука играта ја гледа низ 6Г, а не низ 5Г мрежата. Тоа е некое ново ниво. Тој е исклучително добар играч, а денешниот меч беше од друга планета“, рекол тренерот на Далас Рик Карлајл.

Словенецот во првите четири натпревар во плејофот има просек од 31,5 поени, 10,5 скока и 9,8 асистенции.

Најефикасни играчи на ЛА Клиперс беа Лу Вилијамс со 36 и Каваи Ленард со 32 поени.