Кошарка
20. January 2017 - 13:29

НБА: Ол стар викендот без Вестбрук?!

Со гласовите на навивачите, медиумите и кошаркарите во петок се избрани играчите за екипите кои ќе играат на NBA All Stars натпреварот во февруари во Њу Орлеанс.
 
Според гласовите и тоа 50 отсто од навивачите, и по 25 отсто од медиумит еи кошаркарите, „петката“ од Запад ја сочиниуваат Стивен Кари (Голден Стејт Вориорс), Џејмс Харден (Хјустон Рокетс, Кевин Дурант (Голден Стејт Вориорс), Кави Леонард (Сан Антонио Спарс) и Ентони Дејвис (Торонто Рапторс). Во првата „петка“ од Истокот членуваат Кири Ирвинг (Кливленд Кавалирс), Демар Дерозен (Торонто Рапторс), Џими Батлер (Чикаго Булс), Леброн Џејмс (Кливленд Кавалирс) и Гианис Антетокунмпо (Милвоки Бакс) .
 
Интерсно е што во петката од Запад го нема играчот од Оклахома Сити, Тандер Расел Вестбрук, иако оваа сезона до сега само запиша 20 трипл-дабл. Тој во изборот на бекови за Западот се најде на третото место по Кари и Харден.
 
Имињата на резервните играчи ќе бидат објавени следниот четврток, а ќе ги бираат тренерите од источната и западната конференција.
 
NBA All-Stars викендот се одржува од 17 до 19 февруари во Њу Орлеанс.