-->
-->
НБА плеј оф: Голден Стејт се врати по негатива од 25 поени
-->
Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1-0 во финалето на Запад откако ноќеска со 113:111 го победија Сан Антонио. Гостите беа блиску до триумф особено што во средината на вториот период имаа и предност од 25 поени. Во тој дел од натпреварот еден од најдобрите играчи кај гостите Каваи Ленард го предводеше својот тим.
Но, токму Ленард кој играше повреден ја обнови повредата на левиот скочен зглоб откако во тртетиот период во два наврати имаше лош доскок и го заврши натпреварот предвреме.
Тоа го искористи тимот на Голден Стејт и со серија од 18-0 направи пресврт. Во третиот период „погодуваше“ Стеф Кари, а во последниот Кевин Дјурант.
Стеф Кари дуелот го заврши со 40 поени, а Дјурант постигна 34. Кај „мамузите“ Ла Маркус Олдриџ реализираше 28 поени, додека Ленард имаше 26 поени за 23 минути колку што беше на теренот.
Следниот натпревар се игра во вторник на теренот на Голден Стејт, а вечерва се игра мајсторката од полуфиналето на Исток меѓу Бостон и Вашингтон (3-3 во победи).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња