Кошарка
23. April 2016 - 7:47

НБА плеј оф: Кливленд и Сан Антонио поведоа со 3-0

Екипите на Кливленд и на Сан Антонио поведоа со 3-0 во победи во првото коло од плеј офот откако ноќеска ги совладаа своите ривали Детроит односно Мемфис. Сега потребна им е уште една победа за пласман во следната рунда.

Кливленд славеше на гостувањето кај Детроит со 101:91, а најефикасен беше Кајри Ирвинг со 26 поени. 
Сан Антонио го победи Мемфис со 96:87, а најдобар на теренот беше Каваи Леонард (32 поена).
Првата плеј оф победа ја постигна Бостон против Атланта 111:103 и го намали резултатот на 2-1 во победи за Атланта.