Кошарка
1. February 2016 - 9:07

НБА: Победи за Г.Стејт и Мајами

Шампионот во НБА лигата, екипата на Г. Стејт оствари нова победа откако убедливо славеше во Њујорк со 116-95.

Томпсон повторно беше најдобар на паркетот со постигнати 34 поени од кои дури 17 во втората четвртина кога и го решија мечот. 
Фантастичен меч за шампионот одигра Дејмонд Грин кој оствари трипл-дабл со 20 поени , 10 асистенции и 10 скока. 
Мајами потврди дека е во добра форма и ја оствари и 4. победа во серија совладувајќи го директниот конкурент за првото место на Истокот, Атланта со 105-87.
РЕЗУЛТАТИ
 
Мајами - Атланта  105:87
Oрландо - Бостон 119:114
Далас - Феникс  91:78
Њујорк - Г. Стејт  95:116
Портланд - Минесота 96:93
ЛА Лејкерс - Шарлот  82:101
Ла Клиперс - Чикаго 105:87