Кошарка
21. October 2017 - 12:30

НБА: Прва победа за шампионот Голден Стејт

Кошаркарите на Голден Стејт ја постигнаа првата победа во новата сезона откако на гостински терен го победија тимот на Њу Орланс. Најпрецизен на дуелот беше Клеј Томпсон, додека со неколку одлични потези се истакна и Кевин Дјурант. 
Најпрецизен на ноќеска одиграните дуели беше Никола Вучевиќ од Орландо со 41 поен, додека Јани Антетокумбо постигна 34 за Милвоки во поразот од Кливленд, каде Леброн Џејмс уфрли 24 поени.
 
Резултати на ноќешните дуели:
Шарлот - Атланта 109:91,
Индијана - Портланд 96:114, 
Филделфија - Бостон 92:102,
Милвоки - Кливленд 97:116,
Бруклин - Орландо 126:121,
Минесота - Јута 100:97,
Далас - Сакраменто 88:93,
Њу Орлеанс - Голден Стејт 98:109 и
Феникс - ЛА Лејкерс 130:132.