Loading Video...
Кошарка
31. March 2020 - 18:11

НБА размислува да ја доигра сезоната на Хаваи, Бахами или ....

Едни од најпогодените во светот на спортот ќе бидат кошаркарите, клубовите но и во целост НБА лигата. 
 
Иако во САД од час во час се зголемува пандемијата на Ковид-19, раководството на НБА лигата и претставниците на 30-те клубови интензивно работат на изнаоѓање решение, односно,  начин за продолжување на сезоната. 
 
Како што истакнуваат од НБА, заедничката цел е шампионатот никако да не биде поништен, бидејќи предвремен крај на сезоната ќе значи огромна загуба за лигата, но и за сите клубови, 
 
Според новите претпоставени планови, сезоната би продолжила во втората половина на јуни, евентуално првата седмица од јули месец. 
 
Новина ќе биде плејофот, од сите натпревари да се играат на едно место, како би се избегнале честите патувања и би се намалил ризикот од инфицирањето.
 
Воедно се размислува за намалување на бројот на натпреварите, односно наместо во четири да се игра во два или три добиени натпревари, исклучок финалето кое би се намалило од можни максимални седум на пет натпревари или во три добиени. 
 
Интересни се и размислувањата можните  места каде би се играла завршницата, па така како предлог се појавуваат Хаваи, Бахами, Атлантик Сити и Луивил.