-->
-->
НБА: Се повреди Харден
-->
Кандидатот за најдобар играч во НБА лигата Џејмс Харден поради повреда на задната ложа ќе паузира најмалку две недели информираат од Хјустон.
Бекот на ракетите се повреди на последниот ден од 2017-та година во дуелот со ЛА Лејкерс кој беше решен во две продолженија.
Ова е втора голема повреда во редовите на Хјустон оваа сезона бидејќи веќе неколку меча недостасува Крис Пол.
Харден е најдобриот стрелец во НБА лигата со 32 поени по натпревар и најдобар шутер на тројки со 145 погодоци а лидер е и во слободни фрлања 319/368.
Во претходните 4 сезони има пропуштено само еден меч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето