Кошарка
28. October 2015 - 9:45

НБА: Врачен шампионскиот прстен на Вориорс

Стартуваше 70-тото издание на НБА кошаркарската лига. Во дербито на вечерта Чикаго на домашен терен го совлада Кливленд со 97-95, предводени од Никола Миротиќ и Дерик Роуз, додека Пистонси беа подобри од Атланта Хокс со 106-94.
Дуелот помеѓу Голден Стејт и Њу Орлеанс Пеликанс започна со доделува на шампионскиот прстен за домаќинот кој победи со 111-95. Кари уфрли дури 40 поени од кои 24 во првата четвртина.