Кошарка
14. December 2016 - 10:32

НБА: Заврши серијата на Мемфис

Кошаркарите на Мемфис по успешната серија од 6 победи доживеаја катастрофален пораз од Кливленд со 103-86.

Сите дилеми Кливленд ги реши уште по првата четвртина  која ја доби со 32:20 иако играше без Ирвинг.
 
Триото на актуелниот шампион Кевин Лав, Леброн Џејмс и ЏР Смит доминираше на теренот и постигна 75 поени за својот тим. Лав додаде уште 13 скока и влезе во друштвото на Џејмс, Кармело Ентони, Дирк Новицки и Пол Пирс, како петти активен кошаркар кој постигна 800 тројки и забележал повеќе од 6.000 украдени топки.
 
Смит пак за три поени имаше 6/10 и на овој меч стигна до бројката од 1.719 погодени тројки во НБА кариерата и на 14. место на вечната листа го мина Елис.
https://