-->
-->
НБА:Тибодо на чело на Минесота
-->

Тим Тибодо е именуван за нов тренер на кошаркарите на Минесота, објави клубот на својата официјална интернет страница. Тибодо на клупата го наследи Сем Мичел, кој сезоната ја заврши со 29 победи и 53 порази, а воедно ќе ја обавува и функцијата генерален менаџер.
Минесота ќе биде вториот тим во НБА лигата, кој Тибодо ќе го предводи самостојно, претходно од 2010 до минатото лето тој беше тренер на Чикаго.
Тибодо тренерската кариера ја започнал токму во Минесота, во овој тим бил асистент од 1989 до 2002 година. Потоа бил помошник тренер во Сан Антонио, Филаделфија, Њујорк, Хјустон и Бостон.
Како дел од стручниот штаб на Бостон, задолжен за развивање на играта во одбрана, успеал да го освои шампионскиот прстен.
Во 2010 година тој се сели во Чикаго, што му е прва самостојна тренерска работа, а веќе наредната година е прогласен за најдобар тренер во НБА.
Тим Тибодо е тренер кој најбргу стигнал до 100 победи во кариерата, а со Чикаго има и настап во едно финале во Источната конференција (2012).
Како тренер тој има скор од 255 победи и 139 порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
