НБРМ: Банкарскиот систем покажа стабилност во вториот квартал
Банкарскиот систем во Македонија во вториот квартал од 2016 година остана стабилен и покажа издржливост на случувањата во тој период.
Како што соопшти НБРМ, во услови на домашна политичка нестабилност, во вториот квартал од 2016 година, активата на банкарскиот систем забележа пад од 1,5 отсто, кој беше особено изразен во април и мај, кога влошените очекувања на економските субјекти доведоа до повлекување депозити од банките. Појаснуваат дека овие движења, проследени со шпекулативниот раст на побарувачката за девизи на менувачкиот пазар, ја наметнаа потребата од зголемување на каматната стапка на благајничките записи и на стапката на задолжителна резерва за обврските на банките во денари со девизна клаузула. Воедно, Народната банка повторно им овозможи на банките да пласираат девизни депозити по позитивни каматни стапки. Како резултат од овие мерки на Народната банка, падот на депозитите на домаќинствата сопре, и од јуни повторно бележат раст. Поради високиот износ на ликвидни средства насобрани во претходните периоди, намалувањето на депозитите во вториот квартал немаше позначителни преносни ефекти врз кредитите на банките. Кредитите забележаа солиден квартален раст од 2,4 отсто, со што годишниот раст изнесуваше 8,2 отсто, наведуваат од НБРМ.
Додаваат дека од податоците за растот на кредитите се изземени ефектите од преносот на дел од целосно нефункционалните кредити во вонбилансната евиденција до 30 јуни 2016 година, коешто беше задолжително за банките. На крајот од кварталот, учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити изнесуваше 7,5 отсто. Ризикот за сопствените средства на банките од остварување на кредитниот ризик, сметаат од НБРМ, во иднина не е висок, поради високата покриеност на кредитите со издвоената исправка на вредноста, но и поради задоволителниот обем и квалитет на сопствените средства на банките.
Со повлекувањето на депозитите од банкарскиот систем во второто тримесечје од 2016 година, се намалија ликвидните средства на банките, но поради нивната претходно висока состојба, како и поради инструментите на Народната банка за креирање ликвидност, кредитниот раст не бил загрозен, а профитабилноста и натаму се зголемувала. Стапката на адекватност на капиталот забележал благ пад во вториот квартал и на 30 јуни изнесувал 15,6 проценти.
На седницата е заклучено дека брзата реакција на Народната банка придонесе во одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем и во зајакнувањето на неговата основна функција на финансиско посредување меѓу штедачите и кредитокорисниците.
Не денешната седница, Советот ја разгледа и ја донесе и Одлуката за издавање дозвола и согласност за вршење услуга брз трансфер на пари. Оваа одлука се носи како нова поради законски промени. Имено, Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари е усогласен со новиот Закон за општа управна постапка, кој определува обврска за јавните органи, по службена должност, да ги прибавуваат документите и податоците за странките за кои службена евиденција води друг јавен орган. Во Одлуката, меѓу другото, се определуваат документите коишто овластените службени лица на Народната банка треба да ги обезбедат по службена должност од други надлежни органи.
Ново на Сител
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит