Балкан
15. September 2017 - 11:33

Не е онака како што се мислело - записникот ја открива вистината за драмата меѓу хирургот и актерката

Пластичниот хирург Срѓан Цветановиќ пукал во актерката Ивана Панзаловиќ со кој бил во врска, а потоа извршил и самоубиство со пиштол, кој илегално го поседувал.

Во записникот кој го водел еден белградски медиум се вели дека хирургот пукал кон Ивана со револвер од марката „магнум 357“ и со истото оружје себеси си го одзел животот.

Во полицискиот извештај е наведено дека Цветановиќ по вербалната расправија со Ивана ѝ задал повеќе удари на главата, а потоа со револверот испукал куршум директно во нејзината глава.

Актерката Ивана вели дека прво ѝ се заканувал со нож, а потоа посегнал по оружјето. Таа е воедно и единствен жив сведок на оваа трагедија.

Медиумите пишуваат дека оваа љубовна драма би можела да доживее и пресврт.