Живот
27. October 2015 - 15:20

Не можам засекогаш да те чекам - Му напишала писмо на момчето кое многу го сакала, но...

На љубовните проблеми никој не е имун, поготово младите луѓе кои треба да ги научат правилата на оваа комплицирана игра. Една девојка  напишала отворено писмо на момчето кое одлучила да го напушти, опишувајќи ги тешкотиите со кои се среќаваат сите адолесенти кои се во потрега на среќна врска. 

Во писмото девојката ги опишала грижите и патењето со кои се соочила бидејќи љубовта не и била возвратена. Сфатила како тоа дека нема смисла да остане во недефиниран однос и среќата сака да ја побара некаде на друго место. 

„Оној кој ме пушти да си одам“

- Разбрав, конечно се ми е јасно. Работите одлично се развиваа и нашето пријателство се повеќе растеше. Постојано се дружевме, хемијата меѓу нас беше одлична и сексот беше прекрасен. Се обидовме да разговараме за потенцијалната заедничка иднина, но ти велеше  дека не сакаш да влегуваш  во врска. Но,тоа беше пред година дена, а ние и понатаму сме во истиот волшебен круг. Тоа е во ред, почитувам тоа што велиш дека не бараш романтична врска. Гледам дека си опкружен со многу жени чим ми покажуваш како ние двајца не сме ништо, ние двајца не постоиме како пар. Од друга страна, постојано се дружиме, постојано ми се јавуваш, а со тоа и понатаму ми даваш лажна надеж. Тоа ме боли повеќе отколку што можеш да замислиш бидејќи знам дека изгледаш добро и дека можеш да ја имаш секоја која ќе ја посакаш. 

Јас никогаш не би можела да се натпреварувам, со тие преубави девојки. Поради сите убави моменти кои ги поминавме заедно ја игнорирам болката која ми ја нанесуваш и времето кое го посветувам на тебе. Ја разбирам твојата потреба да задоволиш друга жена и знам дека сакаш да живееш безгрижно, но она што навистина јас сакам е да бидеш мој и да ме сакаш. Не сакам од заедничките пријатели да слушам за твоите авантури во ноќните клубови, сакам да ја украдам твојата слобода и да те врзам за себе. 

Знам дека тој рецепт е  катастрофа бидејќи нашиот чуден однос трае веќе година ипол. Кој е нашиот статус? Не можам да те наречам мое момче, ни пријател, ни афера, но можам да ти кажам дека е време да одам напред. Можеби таа одлука требаше да ја донесам пред година дена, но ако не можеш да одредиш на што да бидеш со неко, направи си на себе си услуга и излези од тој однос. 

Ти посакувам среќа и успех во се што ќе правиш. Супер личност си, забавен си и знам дека немаш лоши намери. Од нашиот однос, кој ми донесе многу тага, многу научив. Поради тебе знам што сакам и знам како сакам тој некој да се однесува кон мене. Ако овие мои зборови се последни кои ти ги разменувам, сакам да знаеш дека секогаш сум го ценела твоето друштво, твоите мани и денови кои ги поминавме заедно.