Македонија
10. December 2024 - 21:19

Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето

Јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, суфурни оксиди, азотни оксиди но и други штетни гасови покрај пм честичките ги трујат секојдневно граѓаните во Македонија, преку амбиенталниот воздух, а особено во Скопје како еден од светските рекордери во најзагадени градови. Главоболки за кои не помагаат аналгетици, резистентност на антибиотици, болки во грлото и дишните патишта се резултат на штетните гасови во воздухот-на отворено, само со маски или шалови предупредува директорот на токсикологија, Андон Чибишев.

Од штетните гасови први кои страдаат се белите дробови и кардиоваскуларниот систем, вели директорот на Институтот за белодробни заболувања Димитар Каркински.

Околу 18% е смртноста од целата популација во Македонија на годишно ниво од загадениот воздух.