Бизнис
25. February 2021 - 16:41

Не се почнати разговори со Грција за отворање на границите

Ќе остане ли соседна Грција недостижна дестинација за Македонците и ова лето? Досега, македонските власти не стапиле во контакт со своите грчки колеги и не разговарале за евентуално отворање на границите и утврдување на условите под кои ова лето би се патувало во оваа земја.

За властите приоритет ова лето е да ги вратат странските гости во земјава. Затоа прифатен е предлогот на комората за овозможување евтини тестови за туристите по нивниот престој во Македонија. Туристичките работници предлагаат и други мерки во пресрет на сезоната за да не се случи и годинава да станат без работа.

За разлика од земјава, Србија веќе е во напреди преговори и блиску до потпишување меморандум со кој ќе биде овозможен непречен влез на вакцинираните од 01 мај до 01 октовмри. За оние кои не примиле вакцина тестовите ќе бидат задолжителни. Грција веќе склучи договор со Израел за непречено патување, а Британците по најавите за олабавување на рестркциите, прават резревации за грчките хотели. Границата меѓу Македонија и Грција е затворена цела година.