Свет
3. November 2019 - 14:15

Не се смирува војната во Сирија: На границата со Турција експлодираше автомобил - бомба, десетмина загинати

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија во сирискиот град Тел Абијад во близина на границата со Турција, јавија турските медиуми и сириската Опсерваторија за човекови права.

Опсерваторијата соопшти дека протурските борци и цивили има меѓу загинатите и повредените во експлозија на автомобил - бомба, јави Ројтерс.

Тој град е упориште на некои од најжестоките судри откако турската војска покрена офанзива минатиот месец против курдските милиции на североистокот од Сирија.