Македонија
31. October 2016 - 8:49

Недела на италијанската книга

Институтот Данте Алигиери во соработка со Култура, Матица, Три, Или-Или, Магор, Икона, Антолог и Литература.мк од денеска до 5 ноември организира Недела на италијанската книга.
 
Книжарниците ќе посветат дел од својот иложбен простор на книги од италијански автори, а некои, книгите ќе ги продаваат со попуст.
 
Во рамки на манифестацијата која е дел од XVI Недела на италијанскиот јазик во светот, на 3 ноември, четврток, во Мултимедијалниот центар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе биде отворена и изложба на постери од студентската работилница на Факултетот за ликовни уметности и Филолошкиот факултет.
 
По отворањето, италијанскиот илустратор и графички дизајнер Серџо Оливоти ќе одржи видеоконференциско предавање.