Македонија
25. October 2016 - 16:15

Неделков: СОНК е под притисок за разнебитување на единството

Врз СОНК се врши смислена и организирана хајка за разбивање на единството и намалувањето на јачината на овој синдикат.

Претседателот Неделков тврди дека одредена политичка партија неколку пати излегува на прес конференции и се меша директно во работењето на синдикалната организација со лаги и шпекулации.

Оваа партија според Неделков била поддржана од некои медиуми кои селективно ги давале информациите во однос на изјавите на СОНК.

„Нападите врз СОНК отидоа дотаму, да една група пред седиштето на СОНК побара одговори од раководството преку транспаренти. Поставување на прашања преку медиуми и давање свои ставови и заклучоци преку медиуми на наши членови не води кон ништо добро. Тоа ние го цениме како инструирано и договорено. Секој член што сака да знае за работењето на СОНК, има легитимно право тоа да го дознае преку нашите органи и тела.  “

Неделков ги демантира тврдењата од изјавата на поранешен член на СОНК за погрешна пресметка на платите во средното образование и дека професорите се оштетени за дури 70 евра, изјави Весна Неделковска, генерален секретар на СОНК.

Неделков објасни дека синдикатот се финансира исклучително од синдикалната членарина а членството има многу права а малку одговорности. Тој запраша зошто  се реагира за спогодба стара две години и зошто поранешниот претседател на таа синдикалната организација  не побарал легитимно одговори кај раководството на СОНК туку  во институции надвор од организацијата.