Недоволниот број хидранти ги кочи интервенциите на пожарникарите
Недоволниот број хидранти и лошиот распоред на мрежата им причинуваат големи проблеми на пожарникарите во Струмица. Имено, кога гаснат пожар принудени се да поминат десетина и повеќе километри повторно да ги наполнат со вода своите возила.
Овој проблем посебно е изразен во селата од регионот, каде бројот на надворешни хидранти е многу мал. Во дел од населените места тие не се функциoнални, а во голем дел и воопшто не постојат.
-Доколку гаснеме пожар во некое населено место оддалечено 10-15 километри од градот возилото треба повторно да се врати во единицата за да наполни вода. Доколку во населеното место има хидранти и се во исправна состојба нема да губиме драгоцено време и секако штетите од пожарите ќе бидат помали, вели Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.
И од Дирекцијата за заштита и спасување потврдуваат дека недоволен е бројот на хидрантите, посебно во населените места, каде ги има на една или две локации иако треба да ги има насекаде.
– Самите општини, односно јавните комунални претпријатија, се должни да подготват шема на надворешни хидранти и истата да ја достават до Дирекцијата и Територијалната против пожарна единица, вели Митко Димчев, инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување.
Додава дека е потребно да се постават хидранти во градот, посебно на влезовите и излезите, како и на повеќе локации во населените места, бидејќи согласно законот за заштита и спасување предвидени се и казни за тие што нема да ги почитуваат своите обврски.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци