Македонија
8. November 2018 - 13:04

Неготинец се самоповредил по семејна расправија

Триесетгодишно лице од Неготино се самоповредило по семејна расправија, оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 
       
– Синоќа во 23.30 часот во Полициска станица од општа надлежност Неготино се јавил дежурниот лекар од Итна медицинска помош Неготино и пријавил дека на улицата „Манчо Малиминов“ во Неготино, во семејната куќа се самоповредило триесетгодишно лице, појасни Додевски. 
 
Според пријавата, по претходна расправија со неговите родители, младиот човек земал нож од кујната  и самиот си нанел убодна рана на левата рака. 
 
Повредениот бил пренесен во Итна медицинска помош – Неготино, каде му била санирана повредата.