Македонија
15. July 2020 - 20:31

Неготино со 63 отсто одѕив до 19 часот, Демир Капија 62,31, Росоман 59,5 и Кавадарци 56,5

Според податоците на општинските изборни комисии до 19 часот излезноста на денешните предвремени парламентарни избори во Неготино изнесува 63 отсто, во Демир Капија 62,31, во Росоман 59,50 и во Кавадарци 56,5 проценти.

Општинските изборни комисии во овие четири општини информираат дека изборниот процес тече мирно и без никакви проблеми, со почитување на мерките за заштита од коронавирус.