Македонија
7. January 2019 - 15:44

Неканети гости за Божик во Дебар : Тројца вооружени лица му влегле дома и го ограбиле

Рано утрово во 05,00 часот во Полициската станица Дебар С.Л.(38) од Дебар пријавил дека во дом на ул. “Вељко Влаховиќ“ во Дебар од страна на три лица со закана со оружје му било извршено разбојништво при што е одземен мобилен телефон, а едниот од нив физички го нападнал, по што го напуштиле местото на настанот. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.