-->
-->
Неколку симптоми со кои ќе може да предвидите срцев удар еден месец пред да се случи
-->
Стресот, нездравата исхрана и брзиот живот значително допринесуваат за еден од главните причинители на смрт во 21 век.
За среќа постојат начини симптомите на време да се препознаат и да се промени фаталниот исход од срцев удар.
Замор
Кога артериите ќе се соберат, срцето добива значително помалку крв отколку што е навикнато. Поради тоа работи посилно отколку што треба, а вие чувствувате константен замор и исцрпеност секој ден.
Губење на воздух
Ако вашето срце добива помалку крв отколку што е навикнато, тоа значи и дека вашите бели дробови добиваат помалку кислород отколку што се навикнати. Овие два системи зависат еден од друг, што значи ако имате проблем со губење на воздух, консултирајте се со доктор што поскоро.
Слабост
Кога артериите се собрани и се забавува циркулацијата, ниту мускулите не го добиваат она на кое се навикнати, што ве прави многу слаби, па чести се падовите и повредите.
Вртоглавица и студена пот
Лошата циркулација исто така влијае на дотокот на крв во мозокот. Ова е многу ризично и на почетокот предизвикува вртоглавица и збунетост. Не смеете да го игнорирате тоа!
Болка во градите
Во градите ви се собира притисок кој нема каде да оди и тоа е еден од најважните симптоми кој не смеете да го игнорирате. Ако го почувствувате, задолжително посетете доктор!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација