Свет
5. December 2019 - 19:40

Неколку стотици илјади Французи протестираа против реформата на пензискиот систем

Најмалку 25.000 демомстранти  во Марсеј, 20.000 во Монпелје и Бордо, 19.000 во Нант, вкупно околу 285.000 лица денеска демонстрираа во околу 40 градови низ Франција против пензиската реформа, покажуваат податоците на  полицијата или префектурите, јавува дописникот на МИА.

Оваа времена проценка не ги зема во предвид демонстрациите во Париз, каде поворката почна околу 15:15 часот,  и особено во Лион. Во многу градови, властите одбија да го дадат бројот на учесниците.

Како што често се случува, проценките на синдикатите и префектурите понекогаш се разликуваат многу – во Марсеј, ЦЖТ објави 150.000 демонстранти, шест пати повеќе од проценката на полицијата – но бројките, дури и од полициски извори, се високи, вклучително и во малите градови, каде за денес беа планирани  вкупно 245 демонстрации низ цела Франција.

Меѓу најголемите мобилизации, полициските служби изброиле 15.000 луѓе во Клермон-Феран, најмалку 10.000 во Тур, Рен, Брест или Сен-Етјен, најмалку 9.000 во Стразбур, Перпињан, Лимож, Сен-Назаир или Каен. Во Ница, според префектурата имало 4.500 демонстранти, според сидникатите од девет до 10.000.

Во Гуерет, мала префектура на Кроз, полицијата и синдикатите се согласија за бројката од 2.000 учесници, бројка невидена со години. Во Сен Дени од Реунион, властите изброиле 3.000 демонстранти, но според ЦЖТ тие би биле дури и побројни доколку „жолтите елеци“ не организирале операции на забавување на сообраќајот на патиштата на островот.

Насекаде, демонстранти од сите возрасти  покажаа голема имагинација во своите пароли, честопати напишани на плакати. „Нема повеќе пензија, нема повеќе планета, што ни останува?“, Или „Пензија на поени, пензија многу далеку, пензија без ништо“, можеше да се прочита на некои од нив. „Не сме задоволни за нашите родители“, нашишаа децата на една плаката.

Младите беа многубројни во поворките. „Пензиите во моментов не се однесуваат на нас, но немаме желба да работиме до 67 години. На наша возрасти веќе имаме вознемиреност кон крајот на месецот “,велат тие.

Во Монпелје, меѓу импресивната толпа, во поворката учествуваа стотици адвокати во одори и негуватели во болничарски блузи, како и десетици жолти елеци.

И во Бордо, скоро 400 адвокати застанаа на скалите на Апелациониот суд за да го осудат пензискиот план „што не е погоден за никого“. „Ние немаме иста логика на протест, но вие  гледате денес, ние парадираме рамо до рамо со ЦЖТ. Ние се согласуваме со несогласувањето за реформата “, изјави нивниот претставник.

Во Париз поворката тргна околу 15 часот и 15 минути и набрзо застана на Северната станица на булеварот Мажента, ова поради насилството што избувна на плоштадот на Републиката. Таму елементи на жолти елеци и црни блокови се судрија со полицијата.

-Големите револуции се раѓаат од малата беда како големите реки од мали потоци.“ е текстот истакнат на една зграда на плоштадот на  Републиката, кој го цитира Виктор Иго. А на натписот се наведени местата потресени од народниот револт во последните месеци: Чиле, Алжир, Хонг Конг.

Поворката во Париз не е сигурно дека ќе може да отиде до нејзината крајна дестинација, плоштадот на Нацијата, со оглед на судирите на плоштадот на Републиката.