Неколку загинати при урнување на мал авион на Флорида

Неколку луѓе загинаа кога мал авион се урна во камп-парк на Флорида. Несреќата се случила синоќа, а се претпоставува дека загинале патниците од авионот, како и жителите во камп приколките и мобилните куќи кои биле уништени од пожарот.
Несреќата се случила веднаш откако пилотот на авионот испратил повик за помош до контролата на летање. Се претпоставува дека дошло до дефект на моторот. Според медиумите, станува збор за помал авион, но во моментов не се знае колку патници имало во авионот, ниту од каде полетал или до која дестинација.
Шефот на противпожарната служба Скот Елерс од округот Клирвотер, Флорида, рече дека има повеќе жртви во авионот и во камп куќите, но дека точниот број на жртви засега не е познат. Како што најави, повикот за помош дошол неколку моменти пред да се урне авионот.
Се наведува дека при падот се повредени голем број луѓе.
„Во овој момент не се знае судбината на пилотот, каде се движел авионот и од каде полетал. Во близина се наоѓа меѓународниот аеродром „Сент Пит Клирвотер“ рече Елерс.
Ново на Сител
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
